Маж, претходно осуден за семејно насилство, добил старателство над тригодишното дете

Маж, претходно осуден за семејно насилство, со одлука на Основниот суд Охрид, донесена на 6 февруари годинава вп постапка за развод, го добил старателство врз тригодишното дете.

Мајката стравува за безбедноста на своето дете и смета дека судот не направил соодветна проценка за ризиците кои би довеле до потенцијални штетни последици во однос на детето.

Таа се надева дека Апелација ќе ја исправи грешката на судот, кој одлучил старателството на детето да го даде на човек кој е осуден насилник.

Нејзиниот адвокат, Владимир Туфегџиќ поради начинот на кој се водела постапката во надлежниот суд, побарал претставник на Хелсиншкиот комитет за човекови права да го следи судењето, а поднел и барање за утврдување одговорност на судијата поради, како што наведува, сторени повеќе намерни и крупни професионални грешки на штета на мајката на детето.

„По однос на судскиот предмет кој се води пред Основниот суд Охрид, надлежниот суд во постапка за развод на брак на ден 06.02.2024 година донесе пресуда со која малолетното дете на возраст од 3 години го додели на таткото. Поднесена е навремена жалба на ваквата пресуда, а жалбената постапка ќе се води пред надлежниот Апелационен суд Битола. Поради начинот на постапување на надлежниот суд, по мое барање постапката ја следеше претставник на Хелсиншкиот комитет за човековите права.

Во жалбената постапка очекуваме Апелациониот суд Битола да ги уважи жалбените наводи пред сѐ поради сторените суштествени повреди на постапката, а воедно против надлежниот судија до Судскиот совет на РСМ на ден 19.02.2024 година е поднесено образложено барање за утврдување одговорност на судија поради сторени повеќе намерни и крупни професионални грешки на штета на мајката на детето како странка во постапката, во која постапка очекувам Судскиот совет на РСМ да постапи со особена итност и веднаш да формира Комисија на известители заради утврдување на факти за кое нешто е доставена ургенција за постапување на ден 23.02.2024 година“ изјавил за Нетпрес адвокатот Туфегџиќ.

 

 

Back to top button
Close