Маж со мантија и крст „се фрли“ пред автомобилот на министерката за надворешни работи на Бугарија, извикуваше клетви и навреди

Извесен Атанас Стефанов, познат по своите појавувања на јавни места облечен во свештеничка облека и со крст, направил драма пред Министерството за надворешни работи во Софија.

Тој застанал пред службеното возило на министерката за надворешни работи Надежда Нејнски, која во тој момент ја напуштала институцијата, по што на висок глас започнал да извикува клетви и навреди кон неа.

Според видеоснимка објавена на социјалните мрежи, возилото сепак успеало да се оддалечи, додека обезбедувањето направило обид да го оттурне мажот.

Од Софиската света митрополија претходно соопштија дека Стефанов не е дел од свештенството, ниту има дозвола да носи свештеничка облека и крст.

Во изминатиот период, Стефанов беше инволвиран и во други инциденти. Пред неколку дена, заедно со група лица, влегол во партиска канцеларија и се однесувал агресивно кон присутните.

Минатата година, тој се фрли пред колоната возила на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија, извикувајќи навредливи пароли, по што беше приведен од полицијата.

Дополнително, претходно учествувал и во инцидент со поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и членови на неговата партија, при што повторно се однесувал агресивно.

Случајот повторно ја отвори дебатата за ваквите појави во јавниот простор и реакцијата на институциите.

Back to top button
Close