Маж тепал малолетник и го пикнал во гепек барајќи од него да му каже кој му ја удрил колата со снежни топки

Вчера (21.01.2026) во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни топки по неговото возило, се наведува во полицискиот билтен.

Според пријавеното, тој физички го нападнал и неговиот другар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close