Маж утрово скокнал во Вардар во скопски Аеродром – со Брза помош префрлен во болница

Маж утрово скокнал во водите на Вардар, по што бил извлечен и со Брза помош пренесен во болница.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен околу 8 часот, а на местото веднаш излегле полициски службеници.

Лицето било пронајдено во реката и со возило на Итната медицинска помош било пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

„Денеска (14.09.2026) околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на река Вардар на подрачје на Гази Баба скокнало едно машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот. Лицето со возило на Брза помош е пренесено во болница за укажување на лекарска помош“, информираа од МВР

Back to top button
Close