Маж загина во тешка несреќа


Седумдесетгодишен жител на струшкото село Октиси починал откако паднал во ископ за бунар во двор од куќа во селото, соопшти МВР.

Неговото тело било извлечено од припадници на Територијалната противпожарна единица од Струга, а лекар од Здравствениот дом Вевчани констатирал смрт без траги на насилство.
Увид извршиле јавен обвинител, претставници од Државниот инспекторат за труд и полициски екипи.

Случајот бил пријавен вчера во 15:15 часот во ОВР Струга. Според полицијата, Б.М. (70) паднал во ископ за бунар што го вршела градежна фирма.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Back to top button
Close