Маж застрелан откако се обидел неовластено да влезе на имотот на Трамп во Флорида

Агенти на Тајната служба на САД застрелаа и убија маж кој се обидел да влезе без дозвола во безбедниот периметар на имотот Мар-а-Лаго на американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, соопшти Тајната служба.
Инцидентот се случил во Вест Палм Бич, каде што се наоѓа имотот на Трамп.
Тајната служба соопшти дека човекот кој бил застрелан и убиен имал околу 20 години, a неговиот идентитет во моментов не се објавува, додека не се известат членовите на семејството.
ФБИ, Тајната служба на САД и Канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич ја истражуваат неговата позадина, постапки и можни мотиви.
Како што се наведува во соопштението од Тајна служба, мажот бил забележан во близина на северниот влез во комплексот Мар-а-Лаго со нешто што личело на пушка и канистер за гориво.
Агенти на американската тајна служба и заменик-шериф на округот Палм Бич реагирале на местото на настанот. Во соопштението се додава дека ниту еден припадник на Тајната служба не е повреден.
Американскиот претседател Доналд Трамп моментално е во Вашингтон.
Извор: 360stepeni.mk






