Мбапе можеби има време да закрепне до натпреварот со Аталанта

 Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килјан Мбапе има шанси да учествува во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Аталанта, пренесува „Л’Екип“.

Според францускиот весник, 21-годишниот Мбапе може да се опорави од повредата на глуждот претрпена во финалето на Купот на Франција против Сен-Етјен (1:0). Се наведува дека напаѓачот закрепнува побрзо од очекуваното.

Натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Аталанта ќе се одржи на 12 август во Португалија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close