„Ме болат сите шпекулации“ По обвинувањата се огласи мајката на исчезнатата Данка
„Се држиме колку што можеме, само што побрзо да ја најдеме Данка. Чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и сопругот ќе се огласиме јавно, и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Ме болaт сите овие шпекулации, обвинувања насочени кон мене и мојот сопруг“, рекла разочарана Ивана.
На прашањето дали се вистинити информациите дека ги пребарала граничните премини со Романија, но и дали таа може кривично да одговара за Нова.рс вели:
„Телефонот беше на форензика, само ќе го кажам тоа. Ако е така, јас не би била мајка која го бара моето дете, мојот статус би бил поинаков. Сакам само Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме за се“, вели Ивана за Нова.рс.
На прашањето дали го видела видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана вели дека го видела.
„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не ми е дозволено да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека што побрзо ќе го гушнеме нашето дете“, вели мајката на исчезнатата Данка.
На прашањето дали се надева дека нејзиното дете е добро, Ивана вели дека одбива да верува во спротивно.
Не сакам ни да размислувам за друга опција“, заклучува Ивана.