Меџити: Ахмети ги замолчува различните мислења

Демократската унија за интеграција го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, а одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Ваквата одлука доаѓа по тензичниот период внатре во партијата, која е поделена во две групи. Една е групата на владините функционери кои ги поддржува претседателот Ахмети, како што се Артан Груби и Бујар Османи, а другата е „огнената група“ предводена од Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети.

– Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи –  изјави Меџити во изјава за ТВ21.

Back to top button
Close