Меџити апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца

Министерот за здравство Фатмир Меџити апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца против голема кашлица. Прашан каква е состојбата со оваа зараза во земјава, Меџити рече дека се преземени сите чекори, но дека преку ноќ не може да се смени менталитетот на граѓаните кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца.

„Ги презедовме сите чекори, со сите европски институции соработуваме во тој правец и се одвива во добра насока. Значи, не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на граѓаните, но ги повикувам сите, нашата иднина се нашите деца и ние ги повикуваме сите да се вакцинираат зошто тоа пред сè ни ги заштитува животите и спасува. Затоа мора да сфатат и лека полека ќе сфатиме сите, дека вакцинирањето на нашата иднина е пред сè и тоа е иднината на нашата држава“, рече министерот Меџити.

Директорката на Детската клиника Мирјана Поповска вчера потврди дека кај шестмесечно бебе од Скопје е потврдена голема кашлица. Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, пак, изјави дека во 2023 година се евидентирани три случаи на голема кашлица, сите во Скопје.

Back to top button
Close