Меџити бара тв соочување со Османи и одговор на прашањата за Вулин и Груевски
Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Бујар Османи се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски.
-Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже. И поради таа причина, го поканувам јавно да се соочиме каде сака тој, на која било телевизија и кога сака, нека избере тој. Да го даде одговорот за Вулин и да го кажеме сето она што ние го знаеме за него. Јас го поканувам и за да го разјасниме прашањето за Вулин пред јавноста и сите прашања што се отворени од времето на Груевски. Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми, рече Меџити по презентацијата на Проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.
Меџити го повтори повикот Османи да одлучи кога и каде сака пред граѓаните да дебатираат за тоа што е направено, што ќе се направи и за што ќе бараат гласови за градоначалнички мандат во Чаир.
Претходно, кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ рече не сака да дебатира со, како што вели, посредници, туку со „главниот Мицкоски бидејќи смета дека, како што истакнува, тој стои позади проектот ВЛЕН, блокирањето на ЕУ, анулирањето на Охридскиот рамковен договор и влошување на меѓуетничките односи.