Меџити: Ѝ благодариме на пријателката на Бујар Османи и Блерим Беџети за враќањето на Ќосето
Првиот вицепремиер и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, реагираше на саркастичен начин на поставувањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето на кружниот тек кај хотел „Континентал“.
„Оние на кои им недостига Владата на ДУИ, особено пред изборите, можат да ги видат овие реакции преку Калето и поставувањето на Ќосето. Во врска со споменикот, ако сакате, јавно им се заблагодарувам со иронија на Бујар Османи и пријателката на Блерим Беџети, Данела Арсовска, за ова добро дело што го направија. Тие се способни да креваат тензии и да предизвикуваат меѓуетнички проблеми само за да освојат политички поени или да се обидуваат да се спасат од поразот што ги чека“, изјавил Меџити за време на настан во Арачиново.
Споменикот на Андон Лазов-Ќосето претходно беше поставен кај Судската палата во 2014 година кога скопски градоначалник беше Коце Трајановски. Следниот градоначалниок Петер Шилегов го отстрани во 2018 година, со образложение дека бил дивоградба