Меџити: Чаир не е средство за враќање на власт

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања.

-Сакав честа на Чаир да ја преземам врз себе и да им покажеме на сите дека Чаир не е трамполина за спас на политичките кариери на истрошените политичари од Зајас. Чаир не е ниту средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа во Чаир ќе се вратат во владата. На 19 октомври, некои од нив ќе бидат испратени во политичка пензија, а некои во историјата – рече Меџити.

Тој порача дека не е во трка со Бујар Османи, туку со Али Ахмети од Зајас.

-Битката во Чаир не е само борба за тоа кој ќе ја управува оваа општина во следните четири години. Оваа битка ќе ја одреди и политичката иднина на Албанците: дали ќе се вратат оние што владееја со ароганција и завршија на црните листи или ќе продолжиме ние да владееме со елеганција и да бидеме на светлите страници на нашата историја – кажа Меџити.

Back to top button
Close