Меџити до Османи: Дали ќе почнеш со рушење на дивоградбата во твојата куќа во Чаир?

Вечерва, во предизборната дебата на „Топ Тема“ на телевизија Телма, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, се осврна на проблемот со дивоградбите во општината и го праша Бујар Османи од ДУИ дали ќе започне со рушење на дивоградбите, вклучително и неговата куќа во Топанско Поле, која е изградена на диво и легализирана по цена од 1 евро за метар квадратен.

Меџити потенцираше дека легализацијата на дивоградбите беше наменета за лица од социјален ризик, но, како што рече, Османи исто така живее во дивоградба.

Тој нагласи дека општина Чаир е на шестото место во Скопје по бројот на дивоградби, а на национално ниво на десеттото место.

Меџити истакна и дека во Чаир нема легализиран објект за колективно домување по принципот 1 евро, како што е случајот во Сарај, каде вакви објекти се реализирани од партискиот колега на Османи.

Back to top button
Close