Меџити: ДУИ се крие зад Данела, таа е искористена и злоупотребан од Блерим Беџети

Жално е што ДУИ дојде до вакво дереџе што кога се работи за Чаир се крие зад Данела и таа е искористена и злоупотребена од Блерим Беџети и другите, наместо да се занимава со градот, јавните претпријатија, чистотата, водата на градот, градоначалничката се занимава само со Чаир, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Тој во интервју за Канал 5 истакна дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не понудила никакво решение за проблемот со дивоградбите.

– По тоа што го кажува Данела треба таму да се рушат згради и да се остават стотици луѓе да остава без домови да се влечат по судови, не дава ниаккво решение, таа нема морално право да зборува затоа што четири години нема направено ништо за Чаир ние и обезбедивме средства како Влада само требаше да го тераат проектот Цветан Димов, но немаше волја од неа, еве во моментов таа покажува дека е антиалбански и анти-Чаир насторена, зошто не се занимава со градбите во другите населби, зошто не се занимава со нејзиниот партнер во власат на градот Скопје. И посочениот кандидат Бујар Османи живее во дивоградба затоа тој не може да зборува за дивоградбите, туку се скриени зад Данела да ја искористат во текот на кампањата, појасни тој.

Меџити додаде дека истрагата ќе покаже кој е виновен во врска со физичкиот напад врз гдаоначалничката, но рече и дека на снимката се гледало кој кого удира.

-Не е точно дека е командантот, туку е неговиот брат, кој не е командант, работел во Паркови и зеленило и од политички побуди му поништила решение и после три четири дена му оди пред домот, но ова само покажува до кое дереџе е дојдена Демократската унија за интеграција, подвлече Меџити.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close