Меџити, еден од творците на дивоградбите во Чаир, повикува: 200 илјади дивоградби има, прв е Гостивар, да се урива неселективно
Во земјава има повеќе од 200.000 дивоградби во 80 општини, а најмногу во албанските средини, каде предничи Општина Гостивар, изјави првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
На прес-конференција, тој ги повика институциите да постапуваат секаде каде што има незаконско градење, но без селективност.
– Во земјава, во 80 општини има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во албанските општини предничи Општина Гостивар. Јас ги повикувам институциите да делуваат секаде каде има недозволено и незаконско градење. Институциите треба да се остават да дејствуваат насекаде, но не селективно, како што имаше интенција од градоначалничката – истакна Меџити алудирајќи на градоначланичката на Град Скопје, Данела Арсовска.