Меџити: Функционерските позиции во Владата на Алијанса за Албанците на Таравари остануваат во коалицијата „Вреди“
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска изјави дека сегашните функционерски позиции во Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари кој синоќа најави дека ќе поднесе оставка од министерската позиција остануваат во коалицијата „Вреди“.
-Прво треба да ја констатираме оставката, тоа што е битно е што сите позиции на Алијанса за Албанците ќе останат во рамки на Влен, ќе направиме анализа, ќе ги дадеме најдобрите и најподготвените за тие позиции, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање.
Според него, со тоа што Таравари најавил оставка за себе но не и за другите функционери од АА се покажало дека одлуката за излегување од Владата не кореспондира со членството и структурата на партијата и дека има видливи поделби.
-Тоа што самиот најавува оставка но не и за другите функционери покажува и докажува дека има донесено одлука која не кореспондира со членството и структурите на партијата, има видливи поделби, ги гледаме, секојдневно има различно размислување, непочитуивање на одлуката на претседателот, несватлива им е, затоа веќе е видлива поделбата на АА, рече Меџити.
На прашање дали разговараат со пратеници од крилото на Таравари, тој истакна дека е видливо големо незадоволство во партијата.
– Не е во тоа дали разговараме, видливо е големо незадоволство кај членството на АА, членови на претседателство, на видни позиции, ограноци, форум на жени, повеќе тела во партијата што уште еднаш потврдува дека ова е лична одлука од лични побуди и не кореспондира со волјата на членството посебно на АА која од формирање е антипод на ДУИ, рече Меџити.
Според Меџити, Таравари во ниту еден момент не посочил за проблеми со етнички прашања (4news)