Меџити и Фетаи биле на состанок со службените возила – ќе ги казнат возачите за паркирањето

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџети и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи биле на состанок во врска со владини политики, кога ги фативме нивните службени возила во 23 часот навечер паркирани на булевар кај ТЦ „Мавровка“. Така барем рекле од министерството со кое раководи Изет Меџити за 360Степени.

„Во врска со вашиот објавен текст, Ве информираме дека заменик-претседателите на Владата, во периодот кој Вие го посочувате, учествувале на координативен состанок за владини политики, со посебен фокус на тековните општински проекти…“

Од Министерството уште посочија дека на Меџити и Фетаи, како заменици на премиерот, согласно важечките протоколи и регулативи за заштита на високи државни функционери, им следува 24-часовно обезбедување.

повеќе

Back to top button
Close