Меџити му дише во врат на Ахмети, Груби и Тачи најнепопуларни

Изет Меџити иако не е лидер за него граѓаните имаат најпозитивно мислење, а најголем дел од граѓаните од албанската етничка заедница се изјасниле негативно за првиот вицепремиер Артан Груби, поточно околу 60 отсто. Ова го потврдува истражувањето спроведено во втората половина на февруари. Меџити е рангиран во групата политички лидери со поддршка од 43,5 отсто, а пред него се само Али Ахмети со 48,9 отсто и Арбен Таравари со 46 отсто. Иако Меџити ја ужива оваа поддршка, а не е лидер на политичка партија, тој зад себе ги остава Билал Касами и Африм Гаши.

Анкета

„Испитаниците имаат попозитивно мислење за Али Ахмети (48,9%), Арбен Таравари (46%) и Изет Меџити (43,5%) а понегативно мислење имаат за Мендух Тачи (58,6%) и Артан Груби (58, 3%). Најмалку ги познаваат Башким Хасани и Кастриот Реџепи“.

 

За случувањата во ДУИ и поделбата на „Огнената група“, анкетираните го издвојуваат Меџити како најсоодветен претендент за иден политички лидер. 21,4 отсто од испитаниците сметаат дека Меџити може да биде лидер на политичка партија, а Муса Џафери, Невзат Бејта и Висар Ганиу имаат мала поддршка, односно под 10 отсто.

Во однос на битката во ДУИ, 30,5 отсто од испитаниците сметаат дека војната на огнената група е фер, додека околу 14 отсто оценуваат дека тоа е лична битка против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

 

Анкета

Огнената група води фер битка за реформи во ДУИ и реформи во државата (30,5%)

Се работи за нивно внатрепартиско прашање, небитно за државата (26,1%)

Огнената група води лична битка против Али Ахмети (14%)

Анкетата е спроведена од 17 февруари до 5 март на терен, врз основа на анкетата на 1.065 граѓани Албанци, на возраст од 18 до 80 години.

Извор: Алсат

Back to top button
Close