(Видео)Меџити му нуди на проф.Јовев да му биде советник. Не го враќа на директорското место
Министерот за здравство, Фатмир Меџити на денешниот брифинг со новинарите рече дека разрешениот директор на Кардиохирургија, професор д-р Сашко Јовев му е пријател и пред неколку дена пиеле кафе заедно, но и дека му понудил да му биде советник во кабинетот. Меџити рече дека разрешувањето на Јовев нема никаква политичка или друга заднина.
„Професорот ќе продолжи со работа како здравствен работник и ќе биде послободен од административни обврски, ќе има повеќе време за пациентите. Разрешувањето е во правец на подобрување на здравствените услуги“ – објасни Меџити.
Министерот со став дека причина за разрешувањето на Јовев е нивното несогласување во врска со плаќањето на дежурствата во текот на 2022 година.
Адвокатот на професор др. Јовев вчера на прес конфереција најави дека ќе му биде поднесена тужба на министерот Меџити затоа што немало никаква основа за разрешувањето на др.Јовев од директорската функција на клиниката за Кардиохирургија.