Меџити: На 18 ноември ќе се одржи заедничка седница со владата на Косово

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ на „Ора 24“ најави дека на 18 ноември ќе се одржи заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово во Приштина.

-На 18 ноември ќе има заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово во Приштина, со неколку теми. Првата тема ќе биде „One Stop Shop“ на граничните премини Блаце и Јажинце, која ќе го олесни движењето на граѓаните и стоките. Втората тема ќе биде енергетската соработка меѓу двете земји. Тема ќе биде и патот Тетово-Призрен, кој значително ќе го олесни сообраќајот во овој правец.

Меџити изјави и дека правичната и соодветната застапеност на Албанците е уставна категорија.

-Формиравме работна група од експерти и претставници на политичките партии во владата. Јас и Арбен Фетаи како заменик-премиер сме дел од оваа група. Имавме неколку состаноци, има предлози од другата страна, ги анализираме и веруваме дека наскоро ќе дојдеме до решение кое ќе ја зачува оваа уставна категорија и нема да и дозволи на Уставниот суд повторно да го поништи овој закон, изјави Меџити.

Како што гарантираше Меџити, политичкиот договор ќе важи за одржување на етничката застапеност при вработувањата

Back to top button
Close