Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ

Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Влен, Коалицијата не се распаѓа туку е уште посилна и појака, бидејќи 107.000 гласови освоени на последните парламентарни избори, вели, беа гласови за промена и надеж и ние остануваме на тој пат.

-Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите се уште стоиме на тоа освен г-динот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од Влен и да соработува со ДУИ. Вен е уште посилна, бидејќи освоените 107 000 гласови (на последните парламентарни избори) не се само гласови за Демократското движење, за Алтернатива, Беса или дел од Алијанса туку беа анти – ДУИ гласови, гласови за проеман и надеж и не може никој да се повикува дека ги има во џеб. Ние остануваме на тој пат да истраеме и да ја донесеме промената, вели Меџити во гостувањето на Тема на денот на ТВ Сител

Според него, проблем ќе има Таравари кој ќе треба на своите гласачи да им објасни како од партија антипод на  ДУИ, сега се враќа и соработува со ДУИ.

Тој посочува дека обединувањето на партиите во Коалицијата Влен во една партија е одраз на барањата на гласачите присутни уште од самиот почеток, и оти многу лесно се одвива процесот на претопување во една партија, на кој, вели, очигледно се спротивставува Таравари.

Меџити потврди дека лидерите од коалицијата вчера имале средба во Струга на која било договорено новиот политички субјект да има Централно претседателство со 23 члена, Централно собрание, заеднички Централен штаб и локални штабови, заеднички медиумски центар. Во овој процес кој ќе се одвива во наредните дестина дена, треба да се формира работна група која ќе работи на правните прашања околу формирањето на новиот политички субјект.

Во однос на тоа кој би бил претседател на партијата, тој кажа дека тоа најверојатно би можел да биде еден од тројцата лидери во коалицијата, но не исклучи можност и за нова личност.

-Идејата ни е да станеме нов политички субјект кој ќе биде поголемиот во албанскиот политички кампус, и во албанскиот кампус да има две опции – Влен и Европски фронт или Влен и ДУИ, кои носат плурализам и демократија, борба на платформи и идеи, проекти, потенцира Меџити.

Тој оцени дека дококу Таравари се решил за соработка со ДУИ, тоа треба и јавно да го обзнани, и етички е, вели, да ја напушти Владата.

-Сметам дека не му е местото во Владата, бидејќи штом сака соработка со ова ДУИ, тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и другу начела, вели Меџити потврдувајќи дека ова прашање ќе го постави и во Владата.

Тој не гледа причина со локалните да се одржат заедно и предвремени парламентарни избори, оти вели, парламентарно мнозинство е стабилно, има 78 пратеници засега, а има комуникација и можност тоа да биде над 80 пратеници.

Очекува и на локалните Влен да биде апсолутен победник и по број на градоначалници и советници на советничките листи, бидејќи вели, ќе понудат соработка и партнерство со невладиниот сектор и со најквалитетните Албанци, некаде ќе поддржат и независни кандидати ако се такви проценките, а ги потенцира и вложувањата на власта во проекти во локалните самоуправи.

-Оваа Влада издвојува некаде околу милијарда евра за капитални проекти во општините, а добиваат сите граѓани. Средствата се распределуваат според бројот на населението, а не според етничката припадност на граѓаните, добиваат и општините  од ДУИ, значи битни ни се граѓаните, рече Меџити.

Централното претседателство на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, деновиве одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници.

Таравари во изјава за „Стадион“ минатата недела нагласи дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди и откри дека е во комуникација со лидерот на итегративците Ахмети и оти не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ на вториот круг од локалните. Таравари рече и дека доправа ќе се одлчува дали ќе остане во Владата.

-Со Ахмети не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат дека треба да бидеме во Владата ќе продолжиме, ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот, рече Таравари.

Back to top button
Close