Meџити: Не се гледаме како губитници. Ако ДУИ оди со Бујар јас ќе му се спротивставам во Чаир
Според него, во тек се внатрепартиски анкети за сите кандидати.

– Ние не се плашиме, фокусирани сме на локални избори, на добра програма и добри кандидати и на локални избори ќе се потврди победата од пред година дена. Реконструкција на влада може да има и за нас е добредојдена. Не се гледаме како губитници. Прв пат опозицијата освои 107 000 гласови на претходните. Во албанскиот блок натпреварот е во 17 општини, мнозинство очекуваме да освоиме. Очекуваме победа и во Тетово, Чаир, Гостивар, Дебар, во Струга. Владините партнери си помагаат, немаме преговори за поддршка во прв круг и немаме договор. Секогаш важи догворот за вториот круг. Немаме потреба да преговараме да одиме со заеднички кандидати, ќе одиме со посебни. Сега анализираме терен, сакаме да најдеме најдобри решенија и врз основа на тоа ќе дејствуваме. Нема да се договараме за поддршка од прв круг. ДУИ сака за Чаир да го кандидира Османи и јасно им е дека друг кандидат не е во игра, а нас ни е битно да го добиеме Чаир. Се прават анализи, не исклучувам опција да се кандидирам за градоначалник на Чаир – рече Меџити