Meџити: Нема да гласам за новата Влада, Ахмети и да застане цврсто зад Груби, нема да формираме нова партија

Ова е коалиција за дневна политика и за да се потисне различниот глас во ДУИ, т.е на нашата група. Со други зборови Алијанса за спас на Артан Груби. Намерата е оваа коалиција да се прикаже како европска, да се прикаже дека ќе се зголеми и стабилизира мнозинството и ќе има приближување до бројката од 80 пратеници за уставни измени, но далеку се од гласање за новата влада. Сега сите аргументи паднаа и бројката пак се сведе на 64 пратеници, вели Меџити во интервју за „Република“

Пратениците од т.н. огнена група, нема да гласаат за новата Влада, но немаме дилеми за уставните измени, вели потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во интервју за „Република“. Според него, влезот на Алијанса на Албанците во Владата на една година пред изборите е непотребен потег и акробација.

„Ова е политика на инает и за дневни интреси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но јас и сите Албанци пратеници немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи. Во моментов имаме тројца огнени пратеници како што не нарекуваат, но разговараме и со други. Ќе видиме дали власта ќе стигне до 61 пратеник, зошто има незадоволство и кај другите партии. Да причекаме“рече Меџити.

Тој посочува дека влезот на Алијанса во Владата, не е затоа што имаат што да покажат, туку само за да го спасат вицепремиерот Артан Груби.

„Ова е коалиција за дневна политика и за да се потисне различното размислување во ДУИ, т.е на нашата група. Со други зборови Алијанса за спас на Артан Груби. Намерата беше оваа коалиција да се прикаже како европска, да се прикаже дека ќе се зголеми и стабилизира мнозинството и ќе има приближување до бројката од 80 пратеници за уставни измени, но далеку се од гласање за новата влада. Сега сите аргументи паднаа и бројката пак се сведе на 64 пратеници, но ќе видиме дали ќе биде толку. Се виде дека ова не е за зголемување на мнозинството ниту пак за европска коалиција или европски вредности оти со предлозите што ги даваат не одат во таа насока. Еден од примерите е ДУИ, односно крилото на Груби сакаше да промовира зелена агенда и на првиот потег го дадоа министерството за екологија што покажува не се сериозни во нивните залагања“посочува Меџити во интервјуто за „Република“.

Меџити вели дека не планираат да формираат партија дури и ако Ахмети цврсто застане зад Груби.

„Битката ја водиме внатре и ќе ја водиме внатре. Имаме искористено само дел од демократските инструменти и имаме цела лепеза на демократски инструменти и сум оптимист дека ќе извојуваме победа и нашата победа ќе биде победа на членовите на ДУИ и на Ахмети“вели Меџити.

Back to top button
Close