Меџити: Охридскиот рамковен договор не е само сеќавање, туку жив процес – да го чуваме како наш политички и морален бисер

Нема вистинска демократија без доверба и нема функционална држава без еднаковст. Ова е филозофијата што ја води нашата Влада – градење на општество кое ја гледа разновидноста не како пречка, туку како богатство, не како поделба, туку како можност. Затоа секоја политичка одлука што ја носиме, секоја реформа што ја преземаме мора да биде во согласност и со духот и принципите на Охридскиот договор, порача вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити на свечената седница, по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, нагласувајќи дека „духот што сакаме да го инсталираме во нашето општество е духот на соживот, почит и заедничка надеж за иднината“.

Охридскиот рамковен договор, Меџити кажа во своето обраќање, не е само сеќавање, туку „жив процес кој секојдневно треба да се претвора во правични закони и инклузивни политики и институции кои им служат на граѓаните со чесност“.

-Да го чуваме овој договор како наш политички и морален бисер. Да продлжиме да го спроведуваме со посветеност и визија, зошто само така нашиот заеднички дом Северна Македонија може да биде правична, еднаква и просперитетна држава за сите, изјави Меџити.

Меџити, нагласи дека денеска не се потсетуваме само на еден документ кој стави крај на еден конфликт, туку се потсетуваме на политичка и институционална визија врз која се гради нашата модерна држава – држава на сите и за сите.

-Охридскиот рамковен договор е темелот врз кој развивавме нов пристап кон градењето на државата – пристап кој ја гледа еднаковста, инклузивноста и прават како неразделни елементи на демократското функционирање. Денеска нашите владини политики се засноваат токму на овој дух, да создадеме држава која му служи на секој граѓанин, без разлика на етничка припадност, верска или политичка определба. Охридскиот договор не беше само мировен договор, тој беше нашиот нов општествен договор врз кој воспоставивме низа реформи и политики со цел трансформација на институциите од затворени структури, во отворени, достапни и репрезентативни механизми, порача Меџити.

Владата, нагласи Меџити, е посветена на изградбата на правен и институционален систем кој гарантира реална, а не само формална еднаквост, констатирајќи дека „оваа година е најуспешната од независноста на Република Северна Македонија“.

-Ова не е само законска обврска, ова е политичка и морална мисија, зошто последиците од формалната еднаквост сите ги чувстуваме. Последица на формалната еднаквост е половичниот закон за употреба на јазиците, кој е оспорен пред Уставниот суд, но и механизмот на балансерот, кој беше укинат од Уставниот суд… Уставниот суд треба да ги толкува законите согласно Уставот и неговиот дух, а не само да прави црно-бело читање на неговите членови. Од оваа причина Владата го зајакнува користењето на јазиците согласно принципите на Охридскиот договор и Уставот на државата, на сите нивоа на администрацијат и јавниот живот, како симбил на еднаковоста и меѓуетничка почит. Едноставно кажано, употребата на албанскиот јазик во јавните институции не е укината, туку вложуваме напори да ја зајакнеме во услови кога актуелниот закон е оспорен пред Уставниот суд, спроведуваме инклузивни политики во образованието и културата кои го одразуваат нашиот општествен мозаик и му даваат на секое заедништво заслужен простор за зачувување и развивање на својот идентитет. Градиме мултиетничка државна служба каде застапеноста не е само статистика, туку додадена вредност за ефикасност и кредибилитетот на институциите. Во овој дух го изработивме и законот за правична застапеност кој многу скоро ќе биде усвоен во Собранието, изјави Меџити.

Back to top button
Close