Меџити: Османи барем еднаш приватно се сретнал со Груевски во Будимпешта
Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити во врска со информациите за наводната средба Бујар Османи – Никола Груевски во Унгарија, изјави дека кандидатот за градоначалник на ДУИ не бил на средбата во официјална посета, туку таа била во приватна форма.
Меѓу другото, тој во изјава за медиумите на албански јазик во земјавата нагласи: „Бујар Османи бил во Унгарија и се сретнал со Груевски барем еднаш, бил таму заедно со неговото семејство и доказите наскоро ќе излезат на виделина. Со самиот факт и изговор дека овие средби се класифицирани информации, на некој начин ја прифаќа средбата“.
Оваа изјава доаѓа по индиректното признание што Османи го даде на прес-конференција по прашање од новинари. По бројните реакции во јавноста, кандидатот на ДУИ со статус на Фејсбук, ја негираше средбата