Меџити: Оваа Влада има добра волја за децентрализацијата, но не треба да остане само на зборови

На седницата по повод 23 годишнината од Рамковниот договод се обрати и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, кој меѓу другото потенцира дека оваа Влада покажува дека е посветена на унапредување на животот на граѓаните во сите општини со најавата за инвестирање една милијарда евра, како и на фискалната децентрализација која е, вели, дел од Рамковниот договор со што ќе се решат многу есенцијални потреби на локалните самоуправи.

-Оваа Влада има добра волја за децентрализацијата, но не треба да остане само на зборови бидејќи може да дојде друга влада која нема да има такви приоритети. Затоа ние треба да направиме системско решение, да имаме финансии и буџет бидејќи тоа е отворање на вратата за граѓанинот. Во минатото ова се заборави што беше многу значаен дел од Договорот и се помеша со други работи и непотребни настани. Ова е добар почеток на добро владеење со цел да имаме праведна држава, без корупција, и развивање на стандардот на сите граѓани, порача Меџити.

Би сакал ова да го завршам како добар почеток на ова добро владеење што имаат цели да имаат праведна држава, без корупција, војна против корупцијата и развивање на економски поглед и стандардот на сите граѓани.

Исто така една од главните столбовите е децентрализацијата што е европска цел и ние што сакаме да бидеме дел од нив.

 

Back to top button
Close