Меџити: По две недели нема да биде важно кој од каде дошол – сите ќе бидеме „Вреди“
По две недели, малку ќе биде или воопшто нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“ – изјави градоначалникот на Чаир и лидер на Демократското движење, Изет Меџити.

Одговарајќи на новинарски прашања по увидот на поставување камен-темелник на базен во ОУ „7 март“, Меџити во однос на Алијансата за Албанците вели дека тоа е внатрешно прашање на Алијансата посочувајќи дека и двете крила на Алијансата донесоа иста одлука – да се во „Вреди“, но дека најбитно е што сме при финализирање на проектот „Вреди“.
– Многу побитно е тоа како ќе функционира и како ќе биде „Вреди“, тоа е иднината, а Алијансата за Албанците, Демократското движење, Алтернативата, се краткорочно, мислам, веќе се работи за една-две недели – изјави Меџити.
Во однос на моделот на функционирање за кој сè уште се преговара, Меџити посочи дека се зборува за моделот со ротација, со ко претседателство, како и други модели, еден член – еден глас, да се оди од базата, еден претседател.
– Значи, за ова разговараме и преговараме. Но, убеден сум дека деновиве ќе го избереме најдоброто бидејќи, пред сè, „Вреди“ ни е како концепт, па потоа индивидуалци или имиња – изјави Меџити.
Меџити нагласи дека интензивно се разговара за тоа, дека има повеќе модели и оти деновиве треба да се одлучи за кој модел






