Меџити: Помеѓу Груевски и Заев повторно би го бирал Заев

Претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити, вечерва гостувајќи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече да треба да избира меѓу Никола Груевски и Зоран Заев, би го избрал Заев.

Одговарајќи на прозивките на Блерим Беџети за “огнената група” и улогата на Меџити, тој рече дека во 2016 имало две групи во ДУИ.

Едната била да се продолжи со Груевски на која припаѓал и Беџети, а другата, која ја предводел Меџити била да се прави влада со Зоран Заев.

„Тоа било правата одлука затоа што така како држава отидовме напред, влеговме и во НАТО. Помеѓу Груевски и Заев, повторно би го бирал Заев”, рече Меџити

Back to top button
Close