Меџити: Пратеници на ДУИ планирале масовна кражба и перење на милиони евра
На вчерашната седница на Владата донесена е одлука за раскинување на договорот за закуп меѓу компанијата “ХЕЈ“ и Државна лотарија.
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска на својот Фејсбук профил објави дека се работи за фирма на пратеник на ДУИ.
Според него, преку овој договор била планирана масовна кражба и перење на милиони евра од страна на високи функционери на ДУИ.
„Нема враќање назад. Со епидемијата на коцкање ќе се бориме до крај, а коруптивните шеми на политичките казиноџии ќе ги уништуваме без компромис. Ова е само почеток. Кулата изградена со коцкарски карти наскоро ќе се урне, додека нејзините проектанти ќе одговараат пред законот и пред народот“, пишува Меџити.