Меџити: Протестите за Онкологија да не се користат за дневнo-политички евтини поени

За случајот со Онкологија, кој го води Обвинителството, Меџити очекува во најбрз можен рок да заврши истрагата и со тоа, како што вели, да се стави крај на неизвесноста

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека протестите за случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребуваат и апелира протестите да не користат за дневнo-политички евтини поени и да не се користат ваквите протести затоа што го загрозуваат животот на пациентите.

„Луѓето да протестираат е загарантирано право со Уставот на Северна Македонија и мислам дека тоа е најдемократски чин. Секој има право да протестира и јас ги поддржувам ваквите протести, но гледаме со случајот Онкологија дека тоа се злоупотребува и апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протести затоа што го загрозуваат животот на пациентите“рече Меџити денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Обвинителството за случајот „Онкологија“: Се анализира обемен доказен материјал, се испрашуваат 20-ина пациенти кои се пријавија да помогнат

За случајот со Онкологија, кој го води Обвинителството, Меџити очекува во најбрз можен рок да заврши истрагата и со тоа, како што вели, да се стави крај на неизвесноста.

„Сите информации што стигнуваат до нас, а и пациентите кои се обраќаат во Министерството ги праќаме во Обвинителството. Очекувам кога ќе има конечна одлука транспарентно да биде кажана. Ги охрабрувам на оваа неизвесност што побрзо да и се стави крај“додаде Меџити.

Пациенти од Онкологија влегоа во Обвинителството – побараа случајот да не се политизира и што побрзо да се расчисти

За наводите дека на Онкологија доаѓале пациенти од странство, Меџити рече дека во моментов нема информации, но и да има не може да ги сподели поради предметот што го води Обвинителството.

На социјалните мрежи и за денеска се најавува дека ќе се организира протест со почеток во 18 часот. Како што се вели во објавата на Фејсбук на „Протест против убиството на Онкологија“, протестот ќе почне пред зградата на Владата, а ќе заврши пред Обвинителството каде што ќе се бара судска разрешница на овој случај.

Back to top button
Close