Меџити ѝ се закани со кривична на Арсовска. Била инструмент на ДУИ и затоа го вадела криминалот со дивоградбите во Чаир?!


Изет Меџити / Фото: Фејсбук

 

Кривична пријава за градоначалничката Данела Арсовска најави министерот за животна средина Изет Меџити, за лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој, како што рече се сликала и го објавила. Тој овој случај го оквалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“ и ѝ пораќа на Арсовска да се занимава со своите надлежност

Добро што Данела се појави зашто четири години не сме ја виделе. И кога очекувавме дека ќе каже нешто за ветеното, а несработеното во Чаир и Скопје, таа изигрува инспектор, контролор, но заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот и ова е најлошо управување на Скопје откако памти историјата, заедно со ДУИ и Левица, истакна Меџити денеска, пред почетокот на конференцијата за отпад.

Според него, не треба да се заборави обидот на ДУИ и Али Ахмети за дестабилизиација на државата кој имаше план А, Б, Ц, а последниот беше со Таравари, но пропадна. Сега, дополни Меџити, инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините.

Ова е последниот план на Ахмети, овојпат не преку Таравари и други актери, туку преку Блерим Беџети, шефот на парламентарната група, Левица и инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините. Ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби. Добро е што Арсовска почна од Чаир, но добро е да ја видиме и во Сарај, во Шутка каде што се нејзините партнери, добро е да каже за синот на шефот на парламентарната група Блерим Беџети кој има 17 години и Договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е човек на Блерим Беџети. Не случајно се давиме во ѓубре на ниво на Град Скопје, добро е Данела да се занимава со нејзините надлежности, а не со друго, нагласи министерот.

Back to top button
Close