Меџити со поддршка за предлогот на Алтернатива: Заедницата во Косово ќе има домино-ефект врз регионот


Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити кој е и предводник на т.н. „огнена група“ во партијата, го поддржува предлогот на опозициската Алтернатива, за формирање заедница на албанските општини во земјава по примерот на Косово. Тој вели дека е очигледна потребата да се придвижи процесот на децентрализација во интерес на општините, но и во интерес на граѓаните, бидејќи според него таа власт е најблиска до нив.

„Заедницата во Косово ќе има „домино-ефект“ во регионот бидејќи граѓаните патуваат и споделуваат, нашите семејства се поврзани и половина се во Косово, а половина овде. Па, ако може Србите со 4% да имаат асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30% во Македонија и претендираат за истите права“

изјави Меџити.
Политичката партија Алтернатива, која неодамна реши да излезе од власта и да премине во опозиција, преку соопштение повика да се започне иницијатива за формирање „Заедница на албански општини во Северна Македонија“, по моделот што е предвидено да се формира ваква заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.

Алтернатива нема градоначалник ниту во една општина во земјава, па затоа ракавицата ја фрла кон останатите партии: ДУИ, Алијанса за Албанците (АА) и Беса.

Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот ’Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!‘, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Северна Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“,соопштија од Алтернатива

Back to top button
Close