Меџити: Ставот на владината коалиција е дека нема потреба од предвремни избори, ДУИ нема морално право да критикува
Владината коалиција е едногласно на став дека нема потреба од предвремни избори, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.
Како што истакна Меџити, ДУИ нема морално право да критикува и особено да зборува за евроинтеграцискиот процес, зашто кога беше на власт имаше шанса, но не направи ништо во тој правец.
-Имаме пред нас скоро три години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните. ДУИ имаше шанси последните осум години кога раководеше и со МНР, но ни милиметар не ги раздвижи работите во правец на европска интеграција. Затоа нема морално право да критикува или да зборува на оваа тема, а Владата останува посветена и еден од највисоките приоритети е токму европската интеграција, подвлече Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по прмотивниот настан на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за скопски градоначалник