Меџити тврди дека прв имал понуда да го растури ВЛЕН: Ахмети ќе се пензионира
Првиот вицепремиер Изет Меџити, во емисијата „Топ тема“ објави дека имал понуда да го подели ВЛЕН. Меџити рече дека прво него му понудиле да ја растури коалицијата ВЛЕН и да се врати во ДУИ. Како што изјави, тој не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, прифатил да биде дел од промената со ВЛЕН.
– Има обиди и имаше обиди за поделба на ВЛЕН. Ја имав првата понуда, од посредници, ми рекоа да дојдам во ДУИ, сега Артан го нема, партијата ќе се исчисти уште повеќе, Ахмети ќе се пензионира, ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме. Но, јас не прифатив, бидејќи прифатив да бидам дел од промената во ВЛЕН – рече Меџити.
Тој додаде дека Арбен Таравари прифатил „некаква понуда“ и порача дека не треба да крие која е понудата и договорот, туку искрено да каже во јавноста