Меџити: Уште пред две недели го известив Ахмети дека нема да гласам за новата влада

Пратеникот и потпреседател на ДУИ, Изет Меџити пред две недели го информирал лидерот на ДУИ Али Ахмети дека нема да гласа за новата влада предводена од Димитар Ковачевски. Во изјава за весникот ЛАЈМ, Меџити вели дека причините се јавни и дека имаат врска со извршната власт на ДУИ.

„Го информирав лидерот на партијата две недели пред седницата. Аргументите се веќе познати, одамна се јавни и се упатени до извршната власт на ДУИ“, изјави Меџити.

 

Меџити најави дека наскоро се очекува да започнат и процедурите за конституирање на нови партиски тела.

 

-За партиските тела се очекува наскоро да заседава Генералниот совет на кој ќе одлучува за динамиката на процесот за конституирање на нови легитимни тела, изјави Изет Меџити за весникот ЛАЈМ.

 

Веднаш по изборите во 2020 година и формирањето на Владата „Заев 2“, Меџити отворено изрази незадоволство од изборот на претставници на неговата партија во извршната власт.

 

 

Back to top button
Close