Меџити за пеењето на Ахмети- Платеници и узурпатори ви го злоупотребуваат имиџот
Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити од „Огнената група“ преку социјалната мрежа Фејсбук, на Али Ахмети, објавувајќи фотографија од него, му порача дека снимката на која пее „е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ“.
Меџити, објавувајќи фотографија од Ахмети, пишува дека партијата требало да се ослободи од узурпатори, платеници и неспособни
Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити од „Огнената група“ преку социјалната мрежа Фејсбук, на Али Ахмети, објавувајќи фотографија од него, му порача дека снимката на која пее „е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ“.
Меџити, објавувајќи фотографија од Ахмети, пишува дека партијата требало да се ослободи од узурпатори, платеници и неспособни.
„Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавувањето на истата снимка, за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ… Снимањето на Али Ахмет и зачувувањето на овие видеа за користење кога Ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!“, се вели во објавата на Меџити на социјалната мрежа Фејсбук.
За потсетување, Артан Груби пак, на неговиот ФБ профил, пред два денови објави видео од Ахмети, како со цигара в рака, видно расположен пее албанска песна.