Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара

Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, прашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија.

Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, рече дека се „согласува со евроамбасадорот“ дека треба да оставиме МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот.

Слушнав и јас. Но, се согласувам со евроамбасадорот дека треба да оставиме на органите на прогон, односно на МВР и судството и обвинителството да се занимаваат со случајот. Битно е што пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, денес или утре тоа ќе биде, изјави Меџити.

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, без коментар за случајот со корупција во Државната лотарија, нагласувајќи дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе.

– Во оваа фаза немаме никаков коментар. Да дозволиме на самото судство и јавното обвинителство во земјата да продолжат со истрагата. Мислам дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе, изјави Рокас, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош.

Back to top button
Close