Меѓу 59-починати во Кочани, шест се малолетници по 16 години, 53-ца се возрасни, 41 е машко лице, 18 се женски
Четириесет и едно машко лице и 18 женски лица се меѓу 59-те починати во ужасниот пожар во ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Шест од нив се малолетни, на возраст од 16 години, а 53-ца се полнотелни, покажуваат податоците од Институтот за судска медицина доставени до Основното јавно обвинителство.
Најголем дел од починатите се од Кочани – 31, шест од Облешево, по пет од Скопје и од Штип, тројца од Пробиштип, двајца од Виница и по еден од Зрновци, Соколарци, Чифлик, Тркање, Оризари, Струмица и Македеонска Каменица.
Денеска во Кочани ќе бидат погребани, речиси, сите починати, освен едно лице чиј погреб е одложен за утре од семејни причини.