Меѓу 98-те уапсени се бара убиецот на навивачот на АЕК – ножот го нема, клучна сега е ДНК-та

Грчкиот портал Newsit пренесува дека истражителите во земјата се убедени дека меѓу 98-те уапсени е и убиецот на 29-годишниот Михалис Кацурис. За време на нападот на навивачите на Динамо Загреб во кој до смрт беше избоден навивачот на АЕК, истражителите сметаат дека убиецот оставил трага од ДНК на жртвата.
Надлежните вршат идентификацијата на сите уапсени земајќи генетски материјал кој ќе го споредат со пронајдениот на облеката на младиот човек кој го загуби животот.






