Меѓу лидерите на ЕУ постои согласност за користење на замрзнати руски средства за финансирање на Украина

Европските лидери на денешниот Самит на ЕУ во Брисел се согласија да работат на договор за финансирањето на Украина врз основа на замрзнати руски средства, наместо преку дополнително задолжување на Унијата, информира полскиот премиер Доналд Туск.
– Ваквиот определба дека сите сакаме да ги користиме руски средства за Украина беше дадена и не мислам дека некој ќе се откаже од неа, изјави Туск на маргините на Самитот.
Според него, постои „широка согласност“ дека користењето на замрзнатите руски средства би било оправдано и корисно за Европа, иако некои земји остануваат претпазливи и бараат силни правни и финансиски заштитни гаранциите за себе.
Пред денешниот Самит беа посочени две опции за обезбедување финансиска поддршка за Украина за 2022 и 2024 година – дополнително задолжување на ЕУ преку издавање на еврообврзници или користење на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. „заем за репарации“.

Туск истакна дека клучните земји од ЕУ не изразуваат ентузијазам за користењето на можноста за задолжување на буџетот на ЕУ, па затоа се разгледува заемот за репарации врз основа на руските.
– Пред нас има сè уште многу технички дискусии, бидејќи земјите кои се најмногу изложени на ризик од руски финансиски одмазди во иднина, главно Белгија, но не само Белгија, бараат заштитни мерки, рече Туск.
Најголем дел од замрзнатите руски средства во ЕУ или околу 185 милијарди евра се наоѓаат во клириншка куќа „Еуроклир“ со седиште во Брисел, па Белгија стравува од можни правни последици или финансиски мерки од страна на Русија, поради користењето на овие активи






