МЕЃУ-МАКЕДОНСКИ “ПОМИРАТ”

При чиста свест и совест тврдам дека “меѓу – македонско” помирување е политичка нужност во моменетов – со оглед на фактот дека поларизацијата е сеуште свежо месо за гладните сибирски мечки.
Знам, ова звучи очајно за прогресивната јавност.
Но, тука немам намера да фаворизирам засакување на “Злонамерната Другост”, Туку, само да укажам од неопходноста за поставување на еден цврст политички обрач кој е врзан за голиот опстанок на “нацијата”; па дури и за опстанокот на техничката влада. Можеби, дури и за опстанокот на идната политичка влада; па, ако сакате и на онаа влада која треба да ги откочи преговорите со ЕУ. (или не?) И конечно, дури и на далечната Влада, која треба да преговара и да ги брани интересите на Земјава.
На последнава, особено важно , и претстојат радикални реформски зафати кои без консесус не се можни.

Во спротивно :
“Сите ќе умреме”.

Значи, нагласок ставам на помирувањето како политичка нужност, а не како субстантивно простување. Оти, простувачкото помирување, го пробавме и тоа е неуспешно, прво, заради драматично различниот систем на вредности и политички визии и второ, заради проблемите поврзани со правдата која сеуште ја нема во услови на екстериторијално и самоуправно правосудство.

Сепак, фактот останува дека делиме заеднички простор и институции и тие се сеуште едниница мерка за опстанокот на нацијата во контекст на демократијата.
Спротивната варијата на ова е dead end на демократијата, а со тоа и на нацијата.

За политички нужниот “ПОМИРАТ”, сепак, ќе мора да и се погледне на вистината во очи ( особено околу сваќањето и практикувањето на демократијата). Поточно, предуслов на помирувањето е соочувањето со Вистината. Зашто , како што вели Латинка П…”Eдно општество можете да го негувате само ако му се обраќате со вистината за него самото“…
Оттука, во смислата погоре:
Прво, Македонците ќе мора да се еманципираат и ослободат од чуството дека само со ВМРО можат да живеат достоинствен живот ( sic!).
Второ, истите тие Македонци, ќе мора да престанат да се само-за-лажуваат; затоа што тоа неможе да биде морален предуслов за нивното преживување;
Tрето, ќе мора концептот на само-со-жалување и само-за -лажување , конечно да се отфикари од нарациите за македонсккиот национален карактер!
Овие три теми, мора да постанат предмет на ургентна еманципација која треба да ја покренат прогресивните сили. Само они го можат тоа.

Со овие , да ги наречам минимум предуслови за политичко помирување ( читај, национален консензус, како општо место ), ќе мора фактички да се расчисти и со актуелниот епистемолшки анархизам при третманот на Вистината која ги успорува процесите на прогресот во свет и година од која се очекуваат дополнителни геополитички, регионални и домашни дразби.

Со техничката Влада, ние ќе ја имаме пред себе показната вежба за иднината на сенародниот слободен развој, но, ќе добиеме и каква-таква претстваа за капацитетите на еден “Помират”, со тоа и опстанок во контекст либерална демократија. А либералната демократија е единствената платформа за неутрализација на фашизмот. Секаде, па и тука.

Back to top button
Close