Меѓу невработените во тетовско 11 лекари и 252 медицински техничари

Од вкупниот број на невработени на тетовското подрачје неколку стотини се медицински сестри-техничари како и доктори. Според податоците на Центарот за вработување во Тетово станува збор за луѓе кои се водат како активни баратели на работа.

-Бројката на невработени лица кои се пријавуваат како активни баратели на работа во Тетово е 11 невработени лекари. Што се однесува до медицинските техничари кои се изразиле дека активно бараат работа во Тетово има 252 активни баратели на работа, информира Љупчо Апостоловски, раководител на тетовскиот центар за вработување.

Според прегледот на евидентирани невработени лица заклучно со 31 октомври во тетовско има вкупно 19.401 невработени лица. Евиденцијата е за шестте тетовски општини.

-Голем дел од невработените се пријавуваат поради користење на мерките што Владата ги доделува за невработените лица. Има масовен прием на невработени лица со цел да ги искористат мерките кои Владата ги дава за невработени лица, односно помошта од шест илјади денари за оние кои не искористиле во преходниот период, истакна Апостолвски.

Од вкупниот број на невработени 1.740 се со високо образование, 102 лица се магистри, а има и четворица доктори на науки.

Back to top button
Close