Меѓу загинатите патници од Северна Македонија во автобуската несреќата што се случи во Бугарија се и четворица жители на општина Дебар.

 

Од општина Дебар неофицијално потврдуваат дека станува збор за С.М. (1971) и неговата сопруга З.М. (1973) од Дебар и сопружниците Е.Р. (1980) и А.Р. (1984) од село Косоврасти и додаваат дека сепак чекаат официјална потврда од надлежните.

С.М. и Е.Р. биле вработени во Одделението за внатрешни работи во Дебар.

На социјалните мрежи веќе се изразува сочувство до нивните семејства.

Back to top button
Close