Меѓу загинатите во трагедијата во Кочани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“

Петмина штипјани се меѓу загинатите по пожарот кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу кои и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски.

Според информации на локалната тв Стар, последното идентификувано починато лице било вработено во штипско основно училиште.

Претходно потврдена е смртта на четири лица, меѓу кои и Стевановски.

Веста дека Стевановски е можеби меѓу загинатите се прошири утрово откако граѓаните забележаа дека до дискотеката бил паркиран неговиот џип, а тој бил исчезнат.

Back to top button
Close