Меѓуграничен проект на Маврово-Ростуше и Дибра Албанија
РС Македонија и Албанија реализиураат уште еден значаен проект во сферата на меѓуграничната соработка со средства на европоските фондови , кој се однесува за развојот на туризмот. Општините Маврово и Ростуше и околијата Дибра –Албанија се во текј на реализација на проектот “Прекугранично возење велосипеди,,- со кој се предвидува изградба на 40-километарска велосипедска патека , од која 20 на територијата на општина Маврово и Ростуше и 20 други километри на територијата на околијата Дибра во Албанија .
Градоначалникот на општина Маврово – Ростуше Медат Куртовски изјави дека и овој проект е од големо значлење за развојот на туризмот на двете страни од границата . ,,Изградбата на патеките за велосипеди се очекува да стартува наскоро, а покрај оваа активност во Ростуше се предвидува и подигање на Инфо центар ,каде што ке се организираат и обуки за лицата кои би ги користеле велосипоедските патеки на двете страни од границата .,,Бенефитите од овој проект се големи бидејки развојот на туризмот е основен столб за развој на општината Маврово – Ростуше ,, вели градоначалникот Куртовски и додава дека до сега во сверата на меѓуграбичните проекти на РС Македонија и Албанија ,општината има искористено неколку проекти и нефектите се мошне добри.
На денешната средбата што се одржа во селото Жировница на која беа присутни претставници на општина Маврово и Ростуше, Национален парк ,,Маврово ,, и месната заедница Жировница е оценето дека самиот факт што велосипедските патеки тргнуваат од оваа увбаво реканско село, говори дека овој спорт ке помогне во развојоит на планинскиот туризмот .
КМ.