Меѓуинституционален договор за користење на „Порта Македонија“ за граѓански венчавки
Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки.
– Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки, информираа од Управата за водење на матични книги.
Соработката, како што информираа оттаму, почнува од 1 јуни и ќе трае до 31 декември годинава со можност за продолжување по взаемна согласност на страните.
– Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје, се вели во соопштението.