Меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”

 На плоштадот „Карпошово востание” во Крива Паланка синоќа се одржа четвртиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”, на кој учествуваа околу двесте дечиња, играорци и играорки од повеќе фолклорни друштва и ансамбли од Србија.

Фестивалот е во организација на НУ Центар за култура Крива Паланка, со поддршка од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и Министерство за култура на РС Македонија.

Учесниците и присутните ги поздрави претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, порачувајќи дека на општо задоволство на сите генерации, во општина се одржа овој убав и исполнет со многу насмевки настан, дел од „Кривопаланечко културно лето 2022″, а градот беше обоен со боите на битот и фолклорот.

Најмладите играорки и играорци од КУД „8 Октомври” настапија како домаќини, претставувајќи се со „Источна”, „Егејска” и „Паланечка тројка”, а со  игри и ора карактеристични за нивниот крај настапија и: КУД „Илинден”, Битола, КУД „Ефрем Каранов” од Кратово и гостите и долгогодишни соработници од Р.Србија КУД „Младост” од Ковин.

Back to top button
Close