Меѓународен фестивал за гитара „Тремоло“ од утре до 7 ноември

Од утре до 7 ноември ќе се одржува 11. Меѓународен фестивал за гитара „Тремоло“, годинава виртуелно поради пандемијата. Ќе се одржат три концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

На трите солистички концерти ќе настапат Мигел Трапага од Шпанија, професор на Кралскиот музички конзерваториум во Мадрид, кој ќе се одржи утревечер во 19 часот, на 1 ноември е настапот на хрватското дуо за гитарa „Coulé“ со Морана Пешутиќ и Томислав Васиљ кои промовираат репертоар на две гитари, и на 4 ноември  – Момчило Мома Александриќ, класичен гитарист од Србија, кој прави спој на класична гитара со истражувања од областа на музичката теорија.

Членови на интернационалното жири се: Герхард Рајхенбах од Германија Стела Митева-Динкова од Бугарија, Мак Гргич од Словенија/САД, Николај Михајлов од Бугарија, Џевдет Сахатџија од Хрватска/Косово, Зоран Аниќ од Србија и македонскиот гитарист Дарко Багески – редовен професор на Факултетот за музичка уметност, уметнички директор на „Тремоло“.

Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на Град Скопје, е организатор на фестивалот на кој нагадата за победникот е 1.500 евра и концерт на фестивалот во 2021 година.

Back to top button
Close