Меѓународен конкурс за фотографии на: “Света Софија, Храмовите на Божјата мудрост во историјата и во светот”

Интерпарламентарното Собрание на Православието (И.С.П.) www.eiao.org во рамките на својата активност за промоција и зачувување на христијанската православна култура и во соработка со веб-страницата OrthPhoto.net го организира третиот по ред натпревар за фотографија и ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на истиот.

Целта на натпреварот е да се потенцира значењето на „Мудроста Божја“ во современиот свет и да се промовираат храмовите кои со векови биле подигнати во нејзина чест. Храмот на Светата Божја Мудрост во градот на градовите, Истанбул, „Големата црква“, „Големиот манастир“, е уникатен споменик со универзален карактер кој „му припаѓа на човештвото и на светското културно наследство“. Света Софија од Цариград беше примерот кој беше проследен со изградба на стотици храмови до денес, низ целиот православен свет токму посветени на Мудроста Божја. Оваа динамика која ја имаат Божјата Мудрост, Исус Христос во православниот свет, ќе треба да се прикаже во овај фотографски конкурс.

Наградите на натпреварот за секоја од двете области ќе бидат:

Гранд Награда 500 euro
1ва награда 300 euro
2ра награда 200 euro
3та награда 100 euro
Почесни одлики

Линк до официјалниот вебсајт на конкурсот: сот: International photo contest on theme: “Hagia Sophia. The churches of the Wisdom of God in history and
in the world“

Линк до Facebook страната на конкурсот: The contest Facebook pagе

Back to top button
Close